PowerUp - Pomoć za inovativne start-up kompanije i mala i srednja poduzeća u zemljama Zapadnog Balkana

News

Често поставувани прашањаa 

FAQ

Програм за иновативни мали и средни претпријатија и start-up компании од Западен Балкан. Подобрете го вашиот бизнис модел, изградете отпорност и зголемете го вашето присуство на пазарот!

Q: Кои се предностите од учеството во програмата PowerUP?

Предностите од учеството во оваа програма се повеќекратни и зависат од целите на компанијата. Главните предности се следните:

  • Поддршка за понатамошниот развој на работењето насочена кон унапредување на бизнис моделот на компанијата, јакнење на отпорноста во криза од пандемијата од Ковид-19 и слични надворешни шокови и зголемување на способноста за привлекување на инвестиции
  • Значајно практично знаење кое создава предуслови за остварување на видливи резултати во краток рок
  • Учество и шанса за победа на ексклузивниот натпревар - PowerUP финале
  • Можност за поврзување со бизнис лидери, инвеститор во ризични бизниси - venture capitalist и искусни претприемачи од регионот и пошироко
  • Освојување на „Награда за одлични претприемнички вештини во западен Балкан“
  • Освојување на ексклузивна, посебно прилагодена за бизнисот, советодавна поддршка од локални и регионални експерти од водечката светска компанија за обезбедување на професионални услуги “Дилоит”
  • Значајна експонираност и признание – промоција преку локални и регионални медиуми

Q: Кој е организатор на програмата PowerUP?

Програмата е отворена од страна на Светска банка, а финансирана од Европска Унија во рамките на Програмата за развој и иновации на претпријатија од западен Балкан (WB EDIF) и го спроведува со поддршка на консултантската компанија Дилоит.

Q: Колку чини?

Програмата е финансирана од Европската унија согласно Инструментите за развој и иновации на Западен Балкан. За фирмите, учеството е бесплатно. Но, сакаме да сме сигурни дека учесниците се посветени на развојот на нивните фирми. Поради тоа, претставниците на компаниите ќе треба да потпишат Меморандум за разбирање пред почетокот на програмата со што ќе се обврзат да учествуваат во активностите на проектот, што вклучува онлајн вежби, видео pitch и поврзани активности, и лично присуство на обуките. 

Q: Кој може да се пријави за PowerUP?

Сите иновативни мали и средни претпријатија (МСП) и start-up компании кои доаѓаат од една од шесте земји од западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово1, Србија и Црна Гора) може да се пријават за учество во програмата.

Со нетрпение очекуваме да дознаеме повеќе за вашето работење и да имаме прилика да ви дадеме шанса да ја промовирате вашата компанија во текот на оваа програма!   

Q: Кои се критериумите за учество во програмата?

  • Компанијата треба да е регистрирана во една од шесте земји од западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово1, Србија и Црна Гора);
  • Компанијата треба да работи најмалку една година;
  • Компанијата треба да има меѓу 3 и 100 вработени;
  • Компанијата треба да е иновативна и да има свој производ / услуга која носи приход на најмалку еден пазар, и за која компанијата сака да ја зголеми продажбата;
  • Компаниите не смеат да се занимаваат со производство на алкохол, тутун, оружје или други слични дејности. Организаторите го задржуваат правото да ги исклучат фирмите за кои се смета дека би можеле да бидат ризични за репутацијата на организаторите, обучувачите, учесниците во Програмата и други.

При пополнување на формуларите за регистрација, претставниците на компаниите ќе мора да приложат доказ за регистрација на компанијата.

1 Овој наслов за ЕУ е без прејудицирање на статусот и е во согласност со UNSCR 1244/1999 и Мислењето на Меѓународниот суд на правдата за Декларацијата на независноста на Косово.

Q: Како да знам дали мојата компанија или производи / услуги се доволно иновативни?

Проверете ги уште еднаш критериумите и пријавете се, нема што да изгубите!  

Q: Дали може да се пријавам на PowerUP ако мојата деловна активност не е поврзана со технологија?

Дефинитивно! Ги охрабруваме компаниите од различни индустрии кои веруваат дека имаат иновативен производ, услуга или бизнис модел да се пријават.  

Q: Дали може да се пријавам за PowerUP програмата ако мојата компанија веќе добила одредени инвестиции?

Да, може да се пријавите!  

Q: Каква е процедурата за пријавување?

> Кликнете тука

Пополнете го формуларот за регистрација.  

Q: Кои се темите на програмата за обука?

Програмата дава вредно практично знаење, создава предуслови за остварување на видливи резултати во краток рок, и се фокусира на темите за купувачи и пазар, финансиска успешност, брендирање, како и вештините за презентирање - pitching.

Q: На кој начин ќе ги одберете компаниите за PowerUP програмата?

Бројот на места е ограничен, а изборот на учесници кои ги задоволуваат критериумите ќе се врши имајќи ги во предвид разновидноста на индустриите и земјите.

Q: Како ќе одберете кои компании ќе бидат повикани во PowerUP финалето?

Изборот на компании за PowerUP финалето ќе се врши врз основа на формуларите за регистрација, активноста на компанијата додека трае програмата, присуството на обуките и видео записите кои самостојно ќе бидат подготвени за презентација/pitch на компанијата која учесниците во програмата ќе ја снимаат и испраќаат по завршување на обуката.

Q: Каков формат треба да има презентацијата во PowerUP финалето?

Презентација / pitch подразбира презентирање во траење од 5-10 минути, по што следува сесија со Прашања и одговори со жири.

Q: Каде можам да најдам повеќе информации?

Прочитајте повеќе овде  или контактирајте нè директно на CEBAPowerUpWB@deloitte.com.

Клучни зборови:

Помош за локални start-up компании | Помош за претприемачи | Помош за развој на мали и средни претпријатија | Привлекување на инвестиции | Pitch | Startup финансирање | Бизнис | Развој | Закрепнување по Ковид-19

Did you find this useful?