PowerUp - Pomoć za inovativne start-up kompanije i mala i srednja poduzeća u zemljama Zapadnog Balkana

News

PowerUP финален настан

Какви награди ве очекуваат?

Програм за иновативни мали и средни претпријатија и start-up компании од Западен Балкан. Унапредите го вашиот бизнис модел, изградете отпорност и подгответе ја вашата компанија за раст!

Учествувајте во програмата PowerUP и бидете избрани за учество во „PowerUP финалето“ каде што околу 100 компании кои ќе остварат најдобри резултати во текот на програмата ќе бидат повикани во март 2021 година да се натпреваруваат и да го претстават своето работење пред ексклузивна поканета група составена од претставници на ангел инвеститори, инвеститори во различни бизниси – venture capitalists, успешни претприемачи како и претставници на корпорации и медиуми.

Настанот ќе се реализира на атрактивна локација на подрачјето на западен Балкан.

Кои се вашите придобивки од учеството во PowerUP финалето?

  • Учество и можност за победа на ексклузивниот натпревар  - PowerUP финале
  • Можност за поврзување со бизнис лидери, инвеститори во ризични бизниси - venture capitalist и искусни претприемачи од регионот и пошироко
  • Освојување на „Награда за одлични претприемнички вештини во Западен Балкан“
  • Освојување на ексклузивна, посебно прилагодена за бизнисот, советодавна поддршка од локални и регионални експерти од водечката светска компанија за обезбедување на професионални услуги “Дилоит”
  • Значајна експонираност и признание – промоција преку локални и регионални медиуми

Локацијата, учесниците, гостите како и деталните информации за финалниот настан ќе бидат навремено ажурирани.

Клучни зборови:

Помош за локални start-up компании | Помош за претприемачи | Помош за развој на мали и средни претпријатија | Привлекување на инвестиции | Pitch | Startup финансирање | Бизнис | Развој | Закрепнување по Ковид-19

Did you find this useful?